Хабиб го доби најголемиот договор во УФЦ за официјалното враќање

Хабиб Нурмагомедов, шампионот на УФЦ во лесна категорија, и официјално се враќа. Најголемата ММА организација на светот ја потврди борбата помеѓу него и Американецот Дастин Пориер која ќе се одржи на 7 септември на УФЦ 242 евентот во Абу Даби.

Пориер неодамна ја освои привремената титула во лесна категорија со победата на Макс Холовеј и така стекна право да го предизвика Хабиб.
Борбата официјално е договорена што навистина ќе биде голем спектакл.

Покрај повратничката борба менаџерот на Хабиб потврди дека Дагестанецот сега е најплатена ѕвезда на УФЦ.

„Пресреќни сме. Не можевме да добиеме подобри услови, а ова беа најлесните преговори во мојот живот. Ова е еден од најголемите договори во историјата на УФЦ. Заборавете на Конор Мек Грегор, ова е договор со најголема загарантирана сума“.

„УФЦ одлучи да отстапи. Ни дадоа тоа што го баравме и направивме одлична работа. Хабиб е најдобриот борец во светот, никогаш не изгубил и затоа во овој момент е најплатениот УФЦ борец“, порача Абделазиз.

Нурмагомедов во овој момент има учинок од 27-0, а во УФЦ 11-0.

Од друга страна Пориер има скор од 25-5-1.

https://www.instagram.com/p/ByS8RXKCU2M/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО