Дана Вајт: Хабиб – Конор 2 е реална можност

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека е сосема можно Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов да имаат реванш по нивниот меч минатата година, што ги собори сите рекорди на ММА за гледаност. Според шефот на организацијата, тоа може да се случи во блиска иднина.

„Конор сака да го добие тој меч.

 Да му се ​реваншира на Хабиб. Овие момци ќе се борат. Сè ќе биде одлучено на 7 септември и претстојниот викенд. Тогаш ќе дознаеме што ќе правиме со Конор. Поентата е да се открие што сака“.

Оваа сабота во Чикаго, двајца потенцијални противници на Ирецот ќе се борат. Тони Фергусон и Доналд Цероне ќе се соочат во октагонот.

https://www.youtube.com/watch?v=IebpDwdOiJo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО