Репрезентативците ќе настапат на „Дан Колов“ со 220 борачи од светот

Borenje reprezentacija vo Belmeken jan 2016

За силниот Меѓународен турнир „Дан Колов – Никола Петров“ во Софија-Бугарија, се пријавени 220 борачи од 23 држави. На 54-то издание на турнирот ќе учествуваат и македонските репрезентативци кои се на подготовки во Бугарија, а тоа се: Дејан Митров, Јасин Реџелари, Елмедин Сејфулаху, Иван Јанев и Менка Стојановска, како и Лабазан Аскербиев и Могомедгаџи Нуров.

 Пресметките меѓу најдобрите светски борачи се од петок до недела во салата „Универзијада“ (29-31 јануари).

На „Дан Колов“ ќе настапат борачи од Турција, Иран, Канада, Ерменија, Белорусија, Египет, Венецуела, Украина, Молдавија, Монголија, Полска, Словачка, Италија, Кина и др.

Овој турнир и „Јашар Догу“ во Турција се проверка за квалификациските турнири за Олимписките игри во Рио. Првиот турнир е во Зрењанин (Србија) од 15 до 17 април, следува Улан Батор (Монголија) од 22 до 24 април и Истанбул (Турција) од 6 до 8 мај.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON