Гарсија и Кан имаат рок реваншот до јуни

Kan

Од WBC официјално соопштија дека новиот шампион во полусредна категорија, 27-годишниот Американец Дани Гарсија, треба да ја брани титулата против поранешниот шампион, 29-годишниот Англичанец Амир Кан.

Веста беше соопштена од претседателот на WBC, Маурицио Сулејмен.

„Имаме нов шампион во полусредна категорија и оваа година испадна многу интересна. Амир Кан е задолжително предизвикувач за титулата и двајцата треба да се сретнат пред јуни“.

Во јули 2012 Гарсија се сртена со Кан и го нокаутира во четвртата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО