АктуелноБорењеДомашна сцена
Репрезентативецот Јасин Реџелари има примамлива понуда за тренер во САД
Македонскиот репрезентативец во борење, Јасин Реџелари, доби примамлива понуда во САД од клубот Тотал форс врестлинг скул да работи како тренер.
„Ова е голем клуб. Ми понудија да работам и како тренер, но мислам дека се уште имам да дадам за овој спорт“, вели Јасин за Ipon.mk.
Борачот на Лирија се уште размислува да си го исполни сонот – да настапи на Олимписките игри во Токио 2020 година, но овој пат нормата нема да чека друг да му ја обезбеди, туку самиот тој.
Ipon.mk/В.Д.





