Федор за следниот противник: „Се уште ништо не е потпишано“!

fedeor-vo-studio

Федор Емилијаненко и се врати на тренинзите и се подготвува за нова борба, а медиумите и менаџери ширум  светот се во потрага по неговиот следен противник. Минатата недела поранешниот УФЦ-овец, Шејн Карвин, објави  дека му била понудена борба со Федор на Ризин, неколку дена подоцна, американските медиуми објавија дека Белатор планира да се борат Федор и Мет Мирион.

Федро ги негираше гласините и ја појасни неговата ситуација и откри дека е отворен за преговори со сите промоции.

„Во моментов не преговораме и ниту сме преговарале со Ризин. Затоа ме изненади информацијата со Шејн Карвин. Не сум добил никаква понуда од страна на јапонската организација. Во иднина сите обајваи за борбите ќе дојдат преку официјални канали“, рече Федор кој на новогодишната ноќ 2015 година го победи Џаидеп Синг, во повратничката борба за Ризин, а потоа пролетта со контроверзна одлука на судиите го победи Фабио Малдонадо.

Ги коментираше и гласините за можната борба против Митрион.

„Во преговори сме за мојата следна борба, но ништо не е потпишан со ниту една организација. Пред официјалните олжни сме да ги чуваме доверливите детали и не смееме да ги откриваме. Тренирам како и обично, но се уште не се подготвувам за одреден противник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО