Релјиќ загуби со стил од светската шампионка Кужина, Георгиевски чека противник во второто коло

Милјана Релјиќ (-62 кг) загуби од светската шампионка Лилија Кужина на Светското таеквондо првенство за сениори во Баку, Азербејџан.

Релјиќ е поразена со 0-2.

„Светската шампионка, русинката Лилија Кужина ја запре Мила Рељиќ во второто коло на Светското првенство во Баку, Азербејџан. Мила беше една од ретките што два пати успеа да ја удри со нога во глава. Сепак, извонредната Кужина, која мораше да настапи под индивидуален неутрелен тим, ги заслужи сите почести и засллужено и доминантно освои златем медал“, истакна нејзиниот тренер Александар Ефтимов и додаде:

„Следен натпревар на Мила е Европските олимписки игри во Краков, Полска, кон крајот на месецот“.

Утре на татамито излгува олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски (+ 87 кг). Тој во второто коло го чека победникот од мечот Александар Филипов (Израел)-Али Акбар Амири (Авганистан).

Патот до медал ќе биде тежок бидејќи во неговата група се Иван Трајкович (Словенија), Чеик Салах Сисе (Брегот на Слоновата Коска), а во полуфинале може да се сретене со Каден Канингам (Велика Британија), таеквондисти со голем број медали од СП, ОИ и ЕП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО