Рекорд: Мејведер – Мек Грегор со 6,5 милиони платени гедања (ВИДЕО)

Дана Вајт ја утна прогнозата за „плати па гледај“ за мечот меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер.

Прогнозата за продажбата на ППГ пакетот беше околу 4,99 милиони. Дана Вајт вели дека 6,5 милиони луѓе платиле да ја гледаат борбата. Ако е вистина тоа што откри Вајт, тогаш Мејведер-Мек Грегор е убедливо најгледаната борба на сите времиња кога се работи за „пеј пер вју“, односно плати па гледај.

Мејведер и претходно беше рекордер, но за неговата борба со Мани Пакијао во мај 2015 година имаше 4,4 милиони претплатници. Мејведер се наоѓа и на второто и на третото место со неговите борби против Де ла Хоја и Канело.

Претплатата за Мејведер-Мекгрегор чинеше 90 долари за стандардна дефиниција, а за ХД дефиниција беше 10 долари поскапа, а тоа се многу пари помножени со 6,5 милиони долари.

Пред борбата, се претпоставуваше дека Мејведер ќе инкасира 100 милиони долари од борбата, а Мекгрегор 30 милиони, но за официјалните бројки може да се почека и неколку месеци.

https://www.instagram.com/p/BYa_CFUhJhZ/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО