Реџеп Мустафовски со нова книга: „Two Decades on the Tatami: A Competitive Karate Journey“

Реџеп Мустафовски, долгогодишен карате натпреварувач, тренер и коосновач на Карате клубот „Маверик 2022“ – Скопје, ја објави својата нова книга со наслов „„Two Decades on the Tatami: A Competitive Karate Journey – The Sporting Life and Legacy of Rexhep Mustafovski“ .
Станува збор за обемно автобиографско дело на англиски јазик, објавено од издавачката куќа Витаскрипт пресс, кое на 200 страници го обработува повеќедецениското искуство на авторот во натпреварувачкото карате. Книгата претставува детална анализа на спортскиот пат – од првите чекори, преку националните и меѓународните настапи, до врвните резултати и предизвиците на елитниот спорт.

Во делото се обработуваат клучни аспекти како дисциплина, систематски тренинг, ментална издржливост и долгорочен развој во дисциплината ката. Посебен акцент е ставен на транзицијата од активен спортист во тренер, како и на формирањето и развојот на Карате клубот „Маверик“, каде се применува современ пристап базиран на едукација, карактерно обликување и спортска дисциплина.
Мустафовски зад себе има над 20 години активно искуство во карате, повеќекратен државен шампион и освојувач на медали на меѓународно ниво, со посебна специјализација во ката. Денес, како тренер, се фокусира на создавање нови генерации успешни спортисти преку јасно дефинирана стратегија за долгорочен развој.
Оваа публикација претставува значаен придонес не само за карате заедницата, туку и за сите кои се заинтересирани за спорт, личен развој и лидерство, нудејќи практични и инспиративни согледувања од едно богато спортско и професионално искуство.



