Џастин Гејџи: Се борев со најдобрите во светот, време е да го искористам тоа искуство (ВИДЕО)

Џастин Гејџи покажува смирена самодоверба пред неговиот судир за обединување со Илја Топурија на УФЦ Фридом 250.
Додека шампионот продожува да прогнозира ран нокаут, привремениот носител на појасот претпочита да се потпре на своето искуство против најелитните борци во спортот.
За време на официјалната прес-конференција пред настанот, Гејџи му го даде заслуженото на противникот, но нагласи дека и тој има силни аргументи во своја корист.
„Нема сомнение дека Топурија е еден од најдобрите борци во светот. Но, јас се борев со најдобрите во светот“, рече Американецот.
Поранешниот привремен шампион и носител на БМФ појасот верува дека искуството стекнато во борбите против највисокото ниво на конкуренција може да ја претежне во негова корист.
„Имам многу искуство во кафезот и намеравам да го искористам“.
Гејџи нагласи дека самодовербата е задолжителен квалитет за секој борец кој сака да го достигне врвот.
„За да станете големи, мора да верувате во своите способности. Јас верувам во моите“.
Американецот заврши со порака што совршено го опишува неговиот стил на борба во текот на целата негова кариера.
„Влегувам во кафезот и се обложувам на сè. Тоа е она што ќе го направам“.
На 15 јуни Гејџи ќе се обиде да го запре непоразениот Топурија и да стане неприкосновен шампион во лесна категорија на УФЦ на историската гала во Белата куќа.
"I trust in my abilities." 😎@Justin_Gaethje | #UFCWhiteHouse LIVE Sunday June 14 at 8pmET on @ParamountPlus!
[ UFC Freedom 250 Presented by @Cryptocom & @RamTrucks ] pic.twitter.com/CHK12Oi3P7
— UFC (@ufc) June 13, 2026



