Меѓународна сценаММА

Дана Вајт објави рекордни бонуси за УФЦ во Белата куќа

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, најави огромно зголемување на наградниот фонд за УФЦ Фридом 250, што ќе го направи настанот еден од најпрофитабилните во историјата на организацијата.

За време на официјалната прес-конференција Вајт откри дека новиот партнер на настанот – Ворлд либерти финансија – ќе додаде дополнителни 250.000 долари во наградниот фонд.

Како резултат на тоа, традиционалните награди за најдобри изведби ќе бидат зголемени многукратно.

„ВЛФ ќе биде презентер партнер на настанот и ќе додаде уште 250.000 долари во бонусите за борците“, рече Вајт.

Најголемата промена се однесува на наградниот фонд за „Борба на вечета“.

„Двајцата борци кои ќе ја освојат „Борба на вечерта“ ќе добијат по 400.000 долари“.

Уште поимпресивни се бонусите за индивидуалните изведби.

„Двата бонуси за шоуто претсавување на вечерта ќе бидат по 425.000 долари. Честитки до сите и среќно“, додаде претседателот на УФЦ.

По лансирањето на новото телевизиско партнерство со Парамаун, УФЦ веќе ги зголеми стандардните бонуси од 50.000 на 100.000 долари, а воведе и дополнителен бонус од 25.000 долари за секој нокаут или завршница.

Сега, вкупниот награден фонд за седумте борби во Белата куќа на УФЦ Фридом 250 ќе достигне импресивни 1,65 милиони долари.

Ова значи дека борците ќе имаат дополнителен поттик да бараат спектакуларни завршници и незаборавни настапи на една од најочекуваните гала вечери во историјата на УФЦ.

Настанот ќе се одржи на 15 јуни во близина на Белата куќа во Вашингтон, а централен меч ќе биде за појасот меѓу Иља Топурија и Џастин Гејџи.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON