„Рампејџ“ Џексон се интересира за евентуален меч со Федор или Митрион

Kvinton Dzekson Rampedz

Квинтон Џексон – Рампејџ за легендата Федор Емилијаненко вели дека е бнегов идол и пријател, но тоа не значи дека тој не би излегол против него во кафезот.

Тоа го изјави самиот Џексон во ток шоуто на The MMA Hour, изразувајќи подготвеност да се спротивстави на „Последниот император“ ако му се укаже шанса.

„Федор ми е еден од најмилите гиганти, кого некогаш ќе го сретнете. Имам ужасен респект спрема него. Но, понекогаш навивачите сакаат да видат слични средби. Да бидеме искрени – како јас, така и тој, најдобрите денови ги имаме оставено зад себе. Веќе сме стари и се останато. Можеби Белатор би организирале сличен дуел – кога и двајцата борци се на одредена возраст. Но, можеби навистина треба да ги измериме силите“.

„Иако не зборуваме ист јазик, ние сме пријатели. Се уште успевам да го натерам да се смее. Генерално е тешко да се натера Федор да се смее. Воопшто не го менува изразот. Дури, не знам, дали го разбира она што му велам, но кога е околу мене, секогаш се смешка“.

Рампејџ Џексон го коментира и неговиот евентуален меч со Мет Митрион кој, барем според него, со години сака таков дуел. Сепак, Џексон посочи дека не би почувствувал никакви проблеми против него.

„Мислам дека ќе го притиснам уште во првата рунда“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО