Ракометраката од Битола победи на државен боксерски натпревар во Њу Џерси (ВИДЕО)

C
C

Битолчанката Ана Зиковска е победничка на државниот боксерски турнир „Дијамантски ракавици“ во категорија до 60 килограми што се одржал во Њу Џерси, САД, објави телевизијата „Тера“.

ana-zikovska-so-pehar

Ана Зиковска е битолчанка која има 23 години и е студент на архитектонскиот факултет во Њу Џерси, САД.
Од својата 10 до 20 година активно се занимаваше со ракомет и беше голман во Првата и Супер лигата во Македонија. Но, таа не е само ракометарка..

ana-zikovska-so-trenerite-i-peharot

После речиси една година активно тренирање бокс, таа во Њу Џерси, каде што се наоѓа сега, го освои боксерскиот турнир. На турнирот кој се одржа на 18 овој месец, стана победник и го освои пехарот за прво место на тамошниот Државен боксерски турнир „Дијамантски ракавици“ во категорија до 60 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО