Ракиќ со победа против Блахович може да добие шанса да се бори за појасот на УФЦ (ВИДЕО)

Александар Ракиќ (30) е пред најголемиот предизвик во кариерата. Српскиот борец со австриски пасош следниот викенд се бори против поранешниот шампион во полутешка категорија, 39-годишниот Полјак Јан Блахович.

Победникот од тој меч најверојатно ќе биде следниот предизвикувач во борбата за титулата.

Ракиќ во кариерата победи 14 пати, а има два порази.

Своето деби во УФЦ го имаше во септември 2017 година кога го победи Франсимир Баросо со едногласна одлука на судиите.

Има шест победи во најголемата светска ММА организација, а загуби само од Волкан Оездемир.

Александар во последните два меча ги победи Ентони Смит и Тијаго Сантос.

Јан Блахович победи на пет од последните шест натпревари.

Во септември 2020 година со триумфот против Доминик Рејес го освои шампионскиот појас на УФЦ, а го одбрани во мечот против шампионот во средна категорија, Израел Адесања.

Полјакот го загуби појасот во судирот против Гловер Тешеира минатиот октомври. Бразилскиот борец за прв пат ќе ја брани титулата против Чехот Јиржи Прохаска на настанот УФЦ 275 на 11 јуни.

А најавата за мечот меѓу Александар Ракиќ и Јан Блахович погледнете ја во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=3q8qHhx9Xnc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО