Рајан Гарсија падна на допинг тестот и може да остане без победата против Хејни: Не мамев!

Неодамна Рајан Гарсија стигна до најголемата победа во кариерата. Кралот Рајан доминираше и на крајот го совлада Девин Хејни на боксерски настан во Њујорк.

Но, за американскиот боксер таа победа може да биде поништена бидејќи резултатите од допинг тестот му биле позитивни.

Тој даваше примероци два дена по ред пред борбата и двата теста беа позитивни. Тестовите на Гарсија покажаа присуство на Остарин, но и некои други стероиди.

„Сите знаат дека не изневерувам“, рекол Рајан Гарсија во видеото објавено на X и додал:

„Никогаш не сум земал стероиди… Не знам ни каде можам да ги набавам… Едвај земам суплементи. Сето тоа се големи лаги“.

Остарин е селективен модулатор на андрогенските рецептори, а неговата употреба може да го стимулира растот на мускулната маса. Светската антидопинг агенција ја забрани неговата употреба.

„Срамота е што Рајан ги изневеруваше и омаловажуваше и навивачите и боксерскиот спорт. Неговиот настап беше валкан. Ова сега фрла сосема поинаква светлина на нашата борба“, изјави Девин Хејни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО