Неизвесен настапот на Бесир Алили на квалификацискиот турнир за олимписка норма, не се обезбедени пари

Неизвесно е учеството на Бесир Алили на светските квалификаци во борење за Олимписките игри во Париз.

Вчера објавивме дека и борачот на Лирија ќе настапи на квалификациите за обезбедување олимписка норма од 9 до 12 мај во Истанбул.

„Во целост ја демантираме оваа информација дадена од Бобан Данов, бидејќи за Бесир нема пари, односно треба да ги обезбеди клубот“, вели тренерот на Лирија Суфијан Исмаили.

Исмаили истакнува дека има разговори со МОК за покривање на трошоците, но се уште ништо не е извесно. Ако не се покрие настапот на Алили, тогаш клубот ќе собира средства за негов настап на квалификациите.

На светските квалификации норма за Олимпијадата во Париз ќе обезбедат финалистите, а третопласираните ќе се преборуват и победникот, фактички единствениот трет ќе оди на ОИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО