Рајан Бадер ја одбрани титулата победувајќи го Валентин Молдавски

Рајан Бадер ја одбрани титулата во тешка категорија. „Дарт“ се соочи со привремениот шампион од Русија Валентин Молдавски. Двајцата го предводеа настанот Белатор 273 во Аризона. Нивната средба траеше сите 5 рунди и заврши со едногласна одлука во корист на Американецот. На почетокот на натпреварот Бадер го привлече вниманието на противникот со тежок десен уда.

Валентин успеа да се опорави и да ја донесе битката на партер. Сепак, Бадер успеа да се исправи и постигна уште една силен директ. Потоа следеше соборувањето на Рајан, при што доминираше на партер. Во втората рунда двајцата работеа во клинч, а Бадер несакајќи му нанесе удар со коленото во препоните. Бадер погоди од десната страна, по што Молдавецот ја приведе борбата на партер. Бадер стана, но повторно беше соборен и Молдавски имаше контрола до крајот на рундата.

Во третата рунда Молдавски почна да притиска, но со текот на времето Бадер го собори и му го фати од зад грб. Молдавски се обиде да стане и ја зграпчи мрежата, што доведе до предупредување од судијата. Тој на крајот стана, но повторно беше соборен од Бадер. Во следните две рунди двајцата си разменија удари, а Бадер повторно го повреди Молдавски со десен удар.

На крајот, битката не беше лесна и за двајцата и стигна до судиска одлука. Судиите одлучија дека Рајан направил повеќе и му ја доделија победата со едногласна одлука – (48-47, 48-47, 48-47). По нивната средба, Чејк Конго влезе во кафезот и беше најавено дека во мај ќе има реванш со Бадер. Со оваа победа Рајан им се врати на побдите. Молдавски пак се раздели со серија од 6 последователни победи.

Резултати-Белатор 273:
Главна карта
Рајан Бадер – Валентин Молдавски со одлука (48-47, 48-47, 48-47)
Бенсон Хендерсон – Ислам Мамедов со одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Хенри Коралес – Ејден Ли со одлука (29-28, 30-27, 30-27)
Сабах Хомаси – Џелил Вилис со завршница Р1, 1:42

Воведни
Енрике Барзола – Дарион Колдвел со ТКО Р3, 3:01
Крис Гонзалес – Саад Авад со КО Р1, 0:36
Далтон Роста – Дуан Џонсон со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Никита Михаилов – Блејн Шат со ТКО Р1, 3:23
Лукас Бренан – Бен Луго со завршница Р1, 2:27
Саливан Коли – Бен Периш со ТКО Р1, 4:35

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО