Пуштете го вашето дете да тренира џудо

Џудото е боречка вештина која настанала во Јапонија. Иако самиот назив за некои звучи грубо, всушност истиот на јапонски значи „Нежен пат“. Тоа упатува дека не се работи за спорт кој буди агресивност или пак да поттикнува на тепачки.Имено филозофијата на овој спорт е впрочем тоа како по „нежен пат“ да се стигне до победа. Сега пак многу од вас ќе се запрашаат за каква „нежност“ станува збор кога главната поента на овој спорт за да се победи е противникот да се извади од нерамнотежа и да се  фрли на  татамите. Заради тоа ќе Ви презентираме неколку одлики на оваа боречка вештина, па Вие одлучете сами!

РАЗВИВА ПРАВИЛНА КООРДИНАЦИЈА на ДВИЖЕЊАТА

Оваа спортска дисциплина се состои од низа различни движења со кои натпреварувачите се обидуваат да дојдат до победа. Заблагодарувајќи се на нив, се вежба КООРДИНАЦИЈА и ускладување на движењата на целото тело. Така се учи кога во случаите се паѓа да не се дојде до нескакани повреди.

ВЕ УЧИ на ВАЖНОСТА за ДИСЦИПЛИНАТА

Во оваа боречка вештина и спорт ДИСЦИПЛИНАТА е многу важен фактор. Доколку оној кој тренира џудо не е дисциплиниран и посветен на самата вештина и спортот, тогаш од него не може да се очекуваат било какви резултати. Тука особено се развива самоконтролата  и самопочитувањето, што е многу важно за децата во периодот на раст и развој.

ПОБУДУВА МОТИВАЦИЈА СО МНОГУБРОЈНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Натпреварите во џудо спортот за време на натпреварувачкиот период -сезона, се доста чести на месечно ниво и истите се од Училишен, Државен или Меѓународен карактер. Таму најуспешните се искачуваат на пиедесталот и се здобиваат со соодветни награди (дипломи, медали, пехари). Ова дополнително ги МОТИВИРА децата напорно да тренираат и да напредуваат со цел да бидат освојувачи на што повеќе награди на овие натпревари и турнири.

РАЗВИВА ЕМПАТИЈА И СОРАБОТКА СО ОСТАНАТИТЕ

Со оглед на тоа дека децата од ист клуб тренираат заедно и се „борат“ меѓусебно, истовремено се ЗБЛИЖУВААТ и дејствуваат  како тим , иако ова е индивидуален спорт. Сочувствуваат едни према други и тие тоа го пренесуваат во контактите со другите како на пример во училиштата, во парковите…..

РАЗВИВА КОНЦЕНТРАЦИЈА И АКТИВЕН УМ

Иако не изгледа така, сепак оној кој тренира џудо мора брзо да РАЗМИСЛУВА и со силата на УМОТда го процени противничкиот следен чекор.

РАЗВИВА ОДБРАНБЕНИ ИНСТИКТИ

Додека се занимавате со ЏУДО повќе се равиваат ОДБРАНБЕНИТЕ ИНСТИКТИ, отколку што се учат методите на НАПАД. Заради тоа САМООДБРАНАТА е уште една од работите кои можат да се научат доколку тренирате ЏУДО.

Пишува: м-р Дејан Мицкоски, 2 дан џудо мајстор, тренер на ЏК Сеишин

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON