Пуликсенија Јованоска спортист на Прилеп за 2019-та, Мицкоски најдобар тренер, Чатлески најдобар спортски работник

Спортист на Прилеп за 2019 година е каратистката Пулексенија Јованоска, петта на последниот Европски шампионат и најдобра во изборот на КФМ за 2019 година.

Боречките спортови играа важна улога во годинашниов избор на Прилеп, бидејќи за најдобар тренер е избран Дејан Мицкоски од ЏК Сеишин, за најдобар спортски работник Дарко Чатлески од Про бокс Македонија, за најдобар судија Валентина Пурдеска, додека во најуспешните спортисти – млади и сениори, влегоа борачката Барбара Стојкоска, каратистот Матеј Белистојаноски, џудситката Теодора Димеска, како и џудистот Дарко Велкоски.

Десетте најдобри млади спортисти се: Лука Георгиески член на Фудбалскиот клуб Прилеп,Андреј Маџоски од Велосипедскиот клуб Илинден 2007,Елеонора Кржеска членка на Ориентациониот клуб Златоврв, Барбара Стојкоска од Боречкиот клуб 7 Мај, Владимир Милчиноски од Џудо клубот Пролетер, Сара Ефтинџиоска од Женски фудбалски клуб Деспина, Давид Јошески фудбалер на Победа, Матеј Белистојаноски од Карате клуб Спорт 94, Сара Петрова од Клубот за гимнастички спортови Партизан соколи и Бојан Вренцоски од Ракометниот клуб Прилеп. За најдобра екипа во млади категории беше прогласена кадетската екипа на ФК Победа

За најдобар тренер во работа со млади категории за 2019 година е избран Адријано Котевски  од Ракометниот клуб Прилеп, за најдобар судија за 2019 година е прогласена Валентина Пурдеска. Фудбалерот на калчо лигашот Удинезе Илија Нестороски е најдобар играч кој настапува за странски клуб за 2019 година, за најдобар спортист со инвалидност беше прогласен пинпонгарот Рубинчо Ристески. Најдобар спортски работник за 2019 година на Прилеп е избран Дарко Чатлески од Про бокс Македонија, најдобар тренер Дејан Мицкоски од Џудо клубот Сеишин. Најдобар клуб за изминатата година е прогласен Параглајдинг клубот Делта

Плакета за особен придонес во развојот на спортот  му беше доделена на доаенот на македонското и прилепско спортско новинарство Миле Талески.

Изборот на најдобрите во прилепскиот спорт заврши со доделување на наградите на десетте во сениорска конкуренција. Изборот падна на Теа Велкоска членка на Клубот за гимнастички спортови Партизан Соколи, Стефанија Перканоска од Спортско качувачкиот клуб Златоврв, Александра Уфцеска од Параглајдинг клубот Скај но лимит, Мери Чкрипеска од Ориентациониот клуб Златоврв, Џудистката и членка на Сеишин Теодора Димеска, фудбалерката на Женскиот фудбалски клуб Деспина Катерина Милеска, џудистот од Пролетер Давор Велкоски. Третото место му припадна на Ѓоко Јочкоски пингпонгарот на Младост. Второпласиран на ранглистата беше параглајдеристот Борјан Јованоски од Параглајдинг клубот Делта. Спортист на град Прилеп за 2019 година е каратистката Пулексенија Јованоска.

Извор и фото: Радиопела.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО