Прва и Младинска бокс лига 5.коло: Универзалци и Ас ќе го чуваат врвот, Пелистер, А. Огеновски и Синди ќе напаѓаат да ги симнат од тронот

Скопје утре е домаќин на 5.коло на Првата и Младинската бокс лига на Македонија.

Борбите ќе се одржат во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 14 часот.

Во водство во Првата лига е екипата на Универзалци со 50 бода пред Пелистер 2007 со 43 и Алексо Огненовски со 40. Во Младинската лига Ас од Прилеп е водечки со 58 бода, втор е Синди со 34 и на трето место е Фамилија Демирови со 25.

Утре и наредниот викенд, кога ќе се одржи 6.коло, исто така во Скопје во „Борис Трајковски“, Македонија ќе ги добие новите прваци. Се чини дека шампиони ќе бидат клубови кои досега не биле екипни прваци на Македонија. Несомено дека Универзалци и Ас ќе се трудат да ги задржат водечките позиции, но Пелистер 2007, Алексо Огненовски, како и Синди во Младинската лига, ќе дадат се од себе тие да дојдат до шампионската титула.

Табела Прва лига

1.Универзалци 50
2.Пелистер 2007 43
3.Алексо Огненовски 40
4.Хасан бег 31
5.Шкендија но лимит 25
6.Синди 22
7.Аперкат 20
8.Фајтер Илери 17
9.Тигар МБМ 14
10.Ас 12
11.Шкупи 9
12.Нокаут 8
13.Борец 3
14.Чаир 3

Табела Младинска лига

1.Ас 58
2.Синди 34
З.Хасан бег 33
4.Фамилија Демирови 25
5.Баргала 22
6.Чаир 17
7.Пинк пантер тим 14
8.Пелистер 12
9.Нокаут 8
10.Куманово 84 8
11.Тим Скопје 6
12.Шкупи 6
13.Шкендија но лимит 5
14.Фајтер Илери
15.Илинден 3
16.Алексо Огненовски 2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО