Фјури со прекин во 10-тата рунда го совлада Чисора

Трета победа на Тајсон Фјури против Дерек Чисора.

Фјури славеше со прекин во 10-тата рунда, откако судијата констатира дека десното окото се повеќе му се затвора на Чисора ја прекина борбата.

Во текот на целиот меч подобар беше Фјури, а може да рече дека Џипси Кинг го одложуваше крајот и во никој случај не му беше загрозена титулата на ВБЦ.

Ова беше трета одбрана на титулата.

Фјури заработи 25 милиони долари, а Чисора 4,5, плус пари од ППГ .

Прва рунда:

Чисора агресивно го започна натпреварот и го избрка Фјури. Во средината на рундата Џипси Кинг се поврза со неколку добри удари и му даде добар шејк на Дерек. Двајцата си разменија многу тешки удари. Финишот му припадна на Фјури.

Втора рунда:

Дерек повторно сериозно ја започна рундата. Фјури се обидува да го држи противникот на дистанца, но Чисора успева да упати неколку удари во телото. Финишот повторно му припадна на Џипси Кинг, кој направи неколку одлични комбинации.

Трета рунда:

Фјури префрли во поголема брзина и го погоди Чисора со неколку одлични удари. Шампионот зададе неколку одлични аперкати и Дерек се најде во неволја, барајќи клинч за да се одмори. На крајот од рундата и двајцата паднаа во рингот.

Четврта рунда:

Уште еднаш Чисора тргна агресивно. Фјури забави и реши да се брани во оваа рунда. Изгледа дека Дерек победи во оваа рунда.

Во публиката беше и Украинецот Александр Усик.

Во конасловната борба Британецот Даниел Дубоа со прекин во третата рунда го совлада Кевин Лерена од Јужна Африка.

Петта рунда:

Дури на средината на рундата видовме акција каде и двајцата постигнаа одлични удари. Чисора ја губи рамнотежата.

Шеста рунди:

Фјури почна многу посериозно во шестата рунда, а упати и одлични удари. Десното кроше совршено го приземји, но Чисора се задржа. Кралот на Ромите заврши со неколку добри комбинации.

Седма рунди:

По посмирениот старт на седмата рунда, Дерек со неколку силни удари го удри Фјури во телото. Последните три рунди Чисора е рамноправен противник.

Осма рунда:

Во средината на рундата и двајцата почнаа многу отворено, а си разменија неколку тешки удари. Фјури повторно доминираше во финалето.

Девета рунда:

Фјури добро го удира Чисора со неколку крошеа, кој нема одговор. Ромскиот крал продолжува да го удира противникот. Дерек го издржа налетот на шампионот и се уште е на нозе.

Десетa рунда:

Дел Бој повторно влезе агресивно, но Џипси Кинг возврати на секој удар во иста мера. На крајот од рундата судијата го прекина натпреварот. Фјури по трет пат ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Во публиката беше и Украинецот Александар Усик.

Во конасловната борба Британецот Даниел Дубоа со прекин во третата рунда го совлада Кевин Лерена од Јужна Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО