Џошуа ќе остане без титулата ако го сака реваншот со Кличко


Промоторот на светскиот шампион Ентони Џошуа, Еди Херн,ги коментира плановите на Британецот, само неколку дена по триумфот му над Владимир Кличко на Вембли“.

Херн категорично изјави дека ЕЏ повторно ќе боксира до крајот на годината, но се уште не знае против кого.
Можно е Џошуа и Кличко повторно да се сретнат, призна Херн. Меѓутоа има и други варијанти.

„Зборував со тренерот на Ентони – Роб Мек Кракен. Претпоставувам дека повторно ќе го видиме Ентони на рингот околу октомври или ноември“, изјави Херн.

Имињата како Дионтеј Вајлдер и тајсон Фјури се подготвени да се сретнат со Џошуа, а тоа важи и за задолжителниот предизвикувач на ВБА, Луис Ортиз. Задолжителен предизвикувач на ИБФ е Кубрат Пулев.

„Имаме различни опции. Имаме и ситуации со задолжителните предизвикувачи како Кубрат Пулев“, посочи Еди Херн.

За евентуален реванш со Валдимир Кличко, Херн изјави:
„Тоа повторно би бил одличен меч“.

Ако го прифатите реваншот со Кличко, Џошуа ќе треба да се отакже од појасот на ИБФ, како што и Тајсон Фјури мораше да го направи тоа кога го победи Кличко и се согласи на реванш со Украинецот.

„Преговорите со ИБФ и Пулев се одвиваат. До викендот ќе знаеме повеќе, но тоа е комплицирано. Не сакаме да се откажме од тој појас, но не сакаме да имаме проблем со тоа. Нема да и дозволиме на боксерската политика да му застанена патот на ЕЏ. ИБФ ги следи своите правила како и во случајот на Фјури. Можеме да се договориме со Пулев и да се обидеме да договориме борба за привремениот појас, а тогаш победникот би се борел со Џошуа“, изјави Hearn.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО