Прва годишнина од смртта на Мухамед Али

Според многумина, најголемиот боксер на сите времиња Мухамед Али почина на овој ден минатата година на 74-годишна возраст.

Тој почина опкружен со своето семејство во болница во Феникс, во која беше примен поради проблеми со дишните патишта.

„По 32 години на борба со Паркинсоновата болест, Мухамед Али почина во 74 година. Трикратниот светски шампион во тешка категорија, почина вечерва“, изјави портпаролот на семејството Али, Боб Гунел, за НБЦ њус.

Роден е на 17 Јануари 1942 година во Луисвил како Касиус Маркелус Клеј, Јуниор. По неговото преминување во исламот во 1964 година го промени името во Мухамед Али.

Беше трикратен светски првак во тешка категорија. Меѓу неговите најпознати борби се „Рамбле ин Д’Џангал“, кога го победи Џорџ Форман во 1974 година и „Трилерот во Манила“ во 1975 година, кога славеше против Џо Фрејзер. Познати се неговите борби со Кен Нортон.

Освен по она во рингот ќе биде запаметен и борбата за верските и правата на црнците, како и одбивањето да оди во војната во Виетнам.

Неговата професионална кариера заврши во 1981 година, со 56 победи (37 нокаути) и пет порази.

https://youtu.be/42m-dCQMZos

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО