Кличко го прекина молкот: И јас излегов како победник!

Поранешниот шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко, го коментираше поразот од Ентони Џошуа во април, изјавувајќи дека се чувствува како „победник“.

Украинецот успеа да го испрати во нокдаун Џошуа во 6-тата рунда, но во 11-тата беше запрен.

Кличко на прес-конференцијата по мечот изјави дека бил на неколку удари до победата, но дури сега размислувал подетално за поразот.

„На крајот на април се борев со Ентони Џошуа и тоа беше мојот најголем предизвик – пред 90.000 гледачи на исполнетиот Вембли во Лондон, како и милиони гледачи пред телевизорите во над 150 земји – тоа беше средбата на мојот живот против 28- годишниот Англичанец.

Се борам за да бидам најдобар меѓу најдобрите. За жал, не успеав да ја постигнам целта. Крајниот резултат е пораз. Но и покрај тоа, колку и да звучи апсурдно, јас исто така излегов како победник од рингот.

Имав увереноста дека ќе добијам дуелот. Се подготвув добро и бев во најдобра форма досега. Мојата цел беше да си ја вратам назад титулата. Дадов се од себе во овој меч. Успеав да се приберам по неколку нокдауна. Дури успеав и да го испратам противникот на подот. Но, на крајот, Џошуа го зададе најсилниот удар и излезе како победник. Не успеав да победам, но извлеков нешто многу повеќе. Никогаш не сум замислувал дека ќе кажам нешто слично, но во поразот забележав многу поголем успех отколку ако победев. Навивачите од целиот свет се радуваа на моето претставување и потоа ми изразија поддршка. Дури и противник ми искажа почит“.

Кличко може да ја искористи клаузулата за реванш, но се уште не ја објавил одлуката. Неговиот менаџер, Бернд Боенте изјави дека Владимир или ќе го прифати реваншот или ќе се откаже целосно од спортот.

„Спортските коментатори рекоа дека сум покажал големина дури и во поразот“ и додаде Кличко: „Новинарите пишуваа дека сум излегол од рингот како херој, иако не победив.

По толку години, во кои се поготвував единствено за победа, тоа е сосема ново искуство. Сега разбирам дека успехот не е задолжителен, да биде постигнување на одредена цел. Успехот значи постигнување на најдобар можен резултат. А понекогаш не можеме да предвидиме кој резултат би бил најдобар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО