Прва епизода на Глори колисион најави: Сите навиваме за Рико, но не би се обложиле на него! (ВИДЕО)

benny-adegbuyi-i-rico-verhoeven

Пред нас е првата епизода на најави н а Инсајд Глори колисион, кои не воведуваат во последната недела нае подготвки на Рико Верховен за најголемиот меч во досегашната кариера.

Камерите шампионот на Глори во тешка категорија го посетија дома пред заминувањето во Оберхаузен, каде што го чека меч против Бадр Хари. Шест месеци се исчекуваше овој меч, а сега конечно тој е тука, само уште три дена до средбата кој кикбоксерскиот свет веќе долго време сака да ја види.

Видовме и како размислуваат граѓаните на Зевенберген, место кое што се пофалува дека нивниот сограѓанин е најдобар во светот. Но, кога е во прашање оваа борба, не се подготвени да се обложат на Верховен. Едноставно, велат дека Бадр секогаш е бадр, односно секогаш е опасен.

Погледенте што уште снмимија камерите и во каква состојба шампионот се упати накај Оберхаузен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО