Прославениот Лука Валдези на 2 и 3 април ќе одржи семинар во Скопје!

Ivana so Valdezi

На 2 и 3 април 2016 година во Скопје прославениот италијански каратист, Лука Валдези, во Скопје ќе одржи дводневен семинар, кој е во организација на ШКК Јошитака од Скопје и КК Урбан Инвест од Кавадарци.

Валдези е повеќекратен европски и светски првак во кати, а годинава тој беше еден од предавачите на Свестскиот младински камп во Умаг, Хрватска.Luka Valdezi plakat

„Целта на овој семинар е да се подигне нивото на интерес во катите, како и во голема мера да се подобри квалитетот на натпреварувачите кои ќе бидат дел од овој семинар.

На оваа идеја работевме веќе подолго време. Се надеваме дека семинарот ќе биде со огромна посетеност и дека ќе го даде резултати кои ги посакуваме“, велат организаторите на семинарот Ивана Аврамова и Симона Трајковска.

Лука Валдези прв пат ќе одржи семинар во Република Македонија, иако веќе неколку пати

имал семинари во регионот. Ова ќе биде негова прва посета во Македонија, истакнуваат со посебна гордост организаторите.

Ivana i Simona

„Секој кој е заинтересиран, а веруваме ќе има многу, ќе биде добредојден на семинарот, со што на Валдези ќе му демонстрираме колку шотокан каратето е присутно во Македонија. Но, се надеваме и дека вежбачите на семинарот ќе прикажат и добар квалитет, со што ќе покажеме дека каратето во Република Македонија, воопшто, е на едно високо ниво“, потенцираат од овие два клуба.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО