Промовиран плакатот на Ристо Димитров за ФФЦ 19 во Линц!

Curino plakat za Linc

Официјално е промовиран плакатот на Ристо Димитров-Чурино, кој на 18 септември ќе настапи на ФФЦ настанот во Линц, Австрија. 

Димитров по втор пат ќе влезе во кафезот на европската организација „Фајнал фајт чемпионшипс“ (ФФЦ) и ќе се бори во категоријата до 66 килограми.

На 19 турнир на ФФЦ ,Димитров ќе се сретне со Австриецот Мануел Билиќ, кој дебитираше на „Фајнал Фајт 16“ во Виена против Драган Пешиќ, а борбата беше прогласена за најкрвава во историјата на оваа серија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО