Промо на Глори за трилогијата Хари – Оверем (ВИДЕО)

Трилогијата помеѓу легендите Бадр Хари и Алистер Оверем е помалку од еден месец.

Двете легенди ќе се судрат по 3-ти пат на настанот Глори Колишн 4 кој ќе се одржи на 8 октомври во Арнем. Во 2008 година ја видовме нивната прва борба. Тие се бореа на Дајнамајт, притоа Оверем го нокаутира Хари со лево кроше за 2 минути и 7 секунди.

Една година подоцна, Хари доби шанса да му се реваншира и го направи тоа. Се сретнаа на К-1Светско Гран при, при што Хари го нокаутира Оверем за 2 минути и 14 секунди. Сега, 14 години подоцна, ќе има трет дуел за да се реши се.

Глори објави едно од првите промо видеа пред борбата.

Главна карта:
Бадр Хари – Алистер Оверем
Тифани ван Соест (ц) – Сара Мусадак
Сергеј Маслобојев – Мароко Тарик Хбабез
Тјани Безтати (ц) – Стојан Копривленски
Петпаномрунг Киатмуу9 – Абрахам Видалес
Леви Ригтерс – Нигерија Тарик Осаро
Прелиминарни:
Серкан Озчаглајан – Цезар Алмеида
Донеги Абена – Бразил Фелипе Микелети
Мајкл Боапеа – Германија Сергеј Браун

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО