Прилепчани победнички на „Белградски победник“!

7 maj na turnirot vo kOcani

На традиционалниот Меѓународен турнир во борење слободен стил „Белградски победник“ викендов борачите на „7 Мај Леов“ од Прилеп постигнаа забележителни резултати.

7 maj prezentcaija PP

Во конкуренција на деца: 32 кг Петар Насески 1 место, 36 кг Матеј Вандевски (само 8 год.) 2 место и 69 кг Михаил Марковски 2 место.

Кадетска конкуренција: 54 кг Теодор Темелковски 1 место, 58 кг Маријан Мимичкоски 3 место и 63 кг Христијан Пенков 1 место.

Женско борење – 50 кг Катерина Мирческа 1место во кадетска конкуренција.

Посебно радува настапот на младите надежи Вандоски, Насески и Марковски кои во конкуренција на деца постигнаа добри резултати, вели тренерот Сашо Игнатовски.

На турнирот учествуваа екипи од Грција, Бугарија, БиХ, Р.Српска, Хрватска, Словачка, Македонија и Србија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО