Прилeпската тројка освои уште еден медал за Австралија на Премиер лигите

Прилепските девојки освоија уште еден медал за Австралија на Карате 1 Премиер лигити, овој пат во Дубаи. Триото Маријана и Мишела Димоски и Кириана Камческа го освоија бронзениот медал.

Австралискиот тим предводен од македонската тројка во борбата за бронзата беше подобар од ката тимот на Египет. Нивната пресметка заврши со идентичен скор на бодови 24,66 (17,22+7,44), но Маријана, Мишела и Кириана имаа една оценка повисока за спортската изведба 8,6.

Инаку во групата беа трети со 22,5 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО