Ѓуро Илиќ промовиран во џудо Мајстор 6-ти дан, највисоко звање во Македонија

Денес во Белград на официјалното полагање за мајсторски појаси во џудо – данови Ѓуро Илиќ од ЏК Пелистер од Битола беше промовиран во Мајстор шести дан, највисоко мајсторско звање во нашата држава.

„Ова требаше да се случи порано, но беше одложено, а сега веќе ја имам титулата Мајстор – шести дан, што е големо признание за мене и мојата долгогодишна кариера која ја имам како џудост, џудо-тренер, основач на наголем број на клубови во државата“, вели Илиќ.

Ѓуро Илиќ додава дека покрај честа ова е и голема обврска, а во наредниот период покрај во државата ќе има и голем број на предавања и семинари и надвор од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО