Претепаа маж на ММА настан во Англија

Еден човек е хоспитализиран поради фрактура на вилицата и други повреди откако бил нападнат на настанот ММА во МЕЦА Свиндон во Англија.

Полицијата бара помош од секој кој има информации за бруталниот напад во кој маж на возраст од 20 години се здоби со скршеница,повреди на вилицата и главата и очите.

Нападот уследи по настан во живо на ММА во МЕЦА Свиндон на Regent Circus во Обединетото Кралство. Историскиот забавен центар нуди широк спектар на настани, вклучувајќи музика во живо, како и стенд-ап комедија.

Еден човек од Девон е приведен поради сомнение дека предизвикал повреди. Тој е приведен во полициската управа во Гејблкрос. Тој сепак е ослободен, а истрагата продолжува. Локалните власти во Свиндон ги повикаа сведоците да дадат информации за инцидентот.

„Апелираме до сите кои биле сведоци на нападот, вклучително и секој кој има снимка од мобилен телефон од тепачката што се случи во салата кон крајот на настанот околу 22.50 часот“, напишаа властите.

Во последно време стана традиција да се тепаат на гала вечер. Последната тепачка се случи на настанот Глори 80 кој се одржа минатиот месец. Потоа десетици Полјаци и Мароканци се степаа и станаа причина за крајот на гала вечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО