Пресметката меѓу Мариуш Пуџијановски и Мамед Халидов го предводи настанот на КСВ во декември

Најголемата европска ММА борба во историјата! Ввака КСВ ја најави главната борба на настанот што ќе се одржи на 17 декември.

Имено, на тој датум ќе се одржи настанот КСВ 77 кој ќе го предводи пресметката на две легенди Мариуш Пуџијановски и Мамед Халидов. Мечот ќе се одржи во тешка категорија.

Во текот на кариерата Халидов извојува 35 победи, а има осум порази и две нерешени борби.

Во КСВ победи на 20 натпревари, а двапати ја освои титулата во средна категорија и еднаш успешно ја одбрани.

Последната борба му беше лани во декември кога со нокаут во втората рунда го загуби шампионскиот појас против Хрватот Роберт Солдиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KSW (@ksw_mma)

Пуџијановски пет пати ја освојувал титулата на натпреварите за „Најсилниот човек на светот“, а во 25 натпревари во ММА има 17 победи, седум порази и една поништена борба.

Во моментов има пет победи во низа. Во мај го победи Михал Матерла со нокаут во првата рунда.

На истиот настан Себастијан Пжибиз ќе ја брани титулата шампион на КСВ во бантам категорија против Јакуб Виклач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KSW (@ksw_mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО