Големи проблеми за ОНЕ! Азиска промоција 383 милиони долари во минус

Растечката азиска промоција за боречки вештини ОНЕ Чемпионшип е во сериозни финансиски проблеми.

Имено, познатиот портал Bloody Elbow ги прочешла финансиските извештаи на ОНЕ во последните неколку години и дошол до податок дека организацијата е во значителен дефицит – 383 милиони долари.

„Интернетот е опасно место ако верувате во се што ќе прочитате. Има многу неточности и грешки, не вреди да се зборува. Вистината сама ќе излезе на виделина со текот на времето“, објасни првиот човек на ОНЕ, Чатри Ситиодтонг, кога пред две години беше објавена информацијата дека промоцијата е во минус за 48 милиони долари.

Изгледа дека во меѓувреме имаат акумулирано повеќе загуби.

Груп уан холдигнс, матичната компанија на ОНЕ Чемпионшип, ги достави своите финансиски податоци, а дефицитот порасна на неверојатни 383 милиони долари.

Од тие извештаи се гледа дека само минатата година ОНЕ изгубил 111 милиони долари.

ОНЕ лани потрошил 56 милиони долари за маркетинг, а дополнителни 50 милиони долари за административни и други трошоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО