Пресмеките почнаа: Фановите на Мек Грегор го нападнаа Мејведер (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер 10-тина дена имаа промоции во пресрет на нивната борба следниот месец во Лас Вегас. Досега тие си упатија еден куп навреди, но ниту еднаш не дојде до посериозен физички контакт. 

На последното нивно соочување, во Лондон, се случи инцидент во кој беше вклучен Мејведер и навивачите на Мек Грегор. Десетина фанови на ирскиот борец го опколија возилото на Флојд и започнаа да маваат по стаклата и каросеријата на ролс ројсот во кој беше Мејведер.

За да се спречи поголем инцидент, мораше да реагира обезбедувањето на Мејведер. Тие излегоа од автомобилот и почнаа да ги буткаат навивачите да се одалечат од возилото. Интересно е што во тој момент возилото забрза и удри еден од луѓето од обезбедувањето. Тој падна на асфалтот, на воодушевување на симпатизерите на Конор.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО