Премиер лига: Тројца каратисти стигнаа до репасажот во Дубаи, за двајца одлучија судиите

Денешните настапи на нашите каратисти на Карате 1 Премиер лига во Дубаи беа проселдени со три репасажни борби, кои, за жал, не беа искористени.

Наташа Стефановска, Жарко Арсовски и Мартин Несторовски настапија во репасажот, со тоа што мажите нивните борби ги забгубија со изјаснување на судиите при резултат 0-0.

Во најтешката категорија (+84 кг) Арсовски и Несторосвки се сретнаа со врвни каратисти.

Ни преостанува утрешното финале на Емил Павлов против Ереј Самдан (Турција) во категоријата до 60 кг. Се надеваме дека нашиот каратист ќе го освои златниот медал.

Резултати

-61 кг – 47
Наташа Стефановска – Јована Перковиќ (Србија) 0-2
Наташа Стефановска – Ана Ленард (Хрватска) 0-1 – репасаж

-68 кг – 40
Моника Стефановска – Сејда Нафса Бурџу (Турција) 3-2
Моника Стефановска – Кристина Гонзалез Визкаино (Шпанија) 0-1

+84 кг – 44
Мартин Несторвски – Днилсон Жакет (Франција) 0-1
Мартин Несторвски – Андреј Гриневич (Белорусија) 0-0
Мартин Несторвски – Димаш Укматов (Казахстан) 0-0 репасаж

Жарко Арсовски – Салех Абазари (Иран) 4-0
Жарко Арсовски – Енес Еркан (Турција) 0-2
Жарко Арсовски – Херолинд Нишевци (Косово) 0-0 – репасаж

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО