Предноста на боречките спортови во споредба со другите спортови

Прва и една од најголемите придобивки и предности  на боречките вештини е учењето на самоодбраната.

Секој родител сака своето дете да може да се заштити себе си, но и другите околу себе во некои непосакувани ситуации.

Најголемата разлика помеѓу боречките и другите спортови е тоа што не мора да му објаснувате на вашето дете зошто не е во сетот, првиот тим или зошто мора да игра на одредена позиција која не му се допаѓа или пак нему не му одговара.

Во боречките спортови успехот се мери индивидуално, т.е. зависи од индивидуалните квалитети и секој има шанса да се покаже и докаже, да напредува, без оглед на неговиот фамилијарен статус, разни влијанија или привилегии од тренерите, селекторите и слично. На овој начин децата учат дека секој успех зависи исклучиво од нивниот труд и вложување и дека никој не може да ги оспори во нивните заложби и цели, што особено им дава мотивација и дополнителни сили, како на тренингот така и надвор од него.

Рангирањето по појаси кај боречките спортови е исто така многу корисно, бидејќи на децата им дава дополнителен мотив да се надградуваат и да зчуваат нови техники или кати.

Недостатокот, вашите деца (син-ќерка) да тренираат заедно со деца од исти пол, тука го немате, бидејќи во боречките спортови сите учествуваат заедно на тренинзите, а особено е интересно што во многу вакви клубови е дозволено дури и родителите да се вклучат во тренажниот процес.

Многу е битно да се напомене дека поголемиот дел од боречките спортови              (вештини) се составен дел од обуката на специјалните единици, агенциите за обезбедување како и безбедносните структури во државата, што претставува одлична предиспозиција и предност на секој млад човек која се бавел со овие вештини а има за цел и желба да стане дел од наведените професии.

Пишува: м-р Дејан Мицкоски – тренер (2 дан) во ЏК Сеишин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО