За борбата меѓу Фјури и Џошуа се нудат 400 милиони фунти

Неодамна се зборуваше за пресметка меѓу бритнаските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури за обединување на титулите. Менаџерот на Џошуа Еди Херн го негираше тоа, но…

Сега ЕСПН тврди дека преговорите околу борбата се почнати и дека Саудиска Арабија е подготвена да понуди дури 400 милиони фунти за организација на оваа борба во декември годинава.

„Имаме огромен интерес за организација на борбата. Отворени сме за сите опции и можно е да се случи и наредната година или пак тоа да биде наредна борба“, изјави промоторот на Фјури, Еди Херн.

Меѓутоа проблем е фактот што Вајлдер не сака да се откаже од борбата со Фјури. Неговиот тим јасно го порача тоа.

„Што се однесува до нас нашата наредна борба е против Еентони Џошуа“.

Ниту Кубрат Пулев нема да биде среќен да му го земат местото на предизвикувач против Ентони Џошуа и по вторпат да остане без шанса да биде светски шампион.

Парите прават големи чуда. Ако сакаа Вајлдер и Пулев да им се тргнат од патот, ќе мора да издвојат голема сума на пари. Но, со оглед на колкава цифра се врти за оваа борба, парите нема да бидат проблем.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО