Пред Премиер лигата: Победнички амбиции за Европските игри во Баку!

Berat i Simon

Во сабота и недела ќе се одржи првиот турнир од Карате 1 Премиер лигата во Париз, Франција, кој е еден од најсилните, на рамниште на светско првенство. Минатата година Берат Јакупи и Жарко Арсовски беа победници во категориите до 84 и над 84 килограми. И годинава очекувањата се големи од нашите каратисти и во Премиер лигата и на Европското првенство, но и на Европските игри во Баку, Азербејџан.

Кави се очекувањата на нашите кратисти во пресрет на првото коло во Лигата, но и во претстојната сезона?

„Напорно се подготвував, заедно со моите тренери Сашко и Жарко Арсовски, најправо за Државното првенство, но и за Премиер лигата во Париз. Ова ќе биде еден голем тест пред европското првенство, бидејки овде ќе бидат голем дел од моите противници, а кои ќе настапат и на Европското првенство. Од страна на организаторите сум ставен во листата на фаворити за освојуванје на златниот медал. Ќе го дадам својот максимум. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата“, вели европскиот шампион Емил Павлов од КК Штип.

Негова цел е да ја оправда титулата европски првак, иако ќе биде многу тешко. Тој наведува дека ЕП ќе биде и квалификационен турнир за Европските игри во Баку, каде што само првите 5 натпреварувачи обезбедуваат место на Игрите

Ќе бидам задоволен доколку се најдам во првите петмина во Европа, а со тоа да се квалификувам и на Игрите,- истакнува Павлов.

emil Pavllov

Победникот на Премиер лигата, Берат Јакупи, нагласува дека и на овој турнир ќе го покаже најдоброто од него, зашто е добро подготвен за престојниот турнир.

„Оваа година очекувам да бидам еден од освојувачите на медал од ЕП за сениори во Истанбул. Потоа, да учествувам и на Европските олимписки игри, и, дај Боже, да освојам еден од медалите. Зошто да не е и злато?!,- потенцира Јакупи од КК Фати.

И вториот победник на Премиер лигата, Жарко Арсовски од КК Макпетрол, е со желба да се избори максимално квалитетно. Со срце, како што знае и умее. За ланската година смета дека била доста успешна, а оваа очекува да биде уште поуспешна, поради тоа што годинава се и Европските олимписки игри во јуни.

„Мојата цел оваа година се токму овие игри. Ќе се борам да ја освојам нормата. И не само нормата, туку и медал од Олимписките игри, кои се одржуваат за прв пат, – дециден е Жарко Арсовски.

Симон Антиќ од Макпетрол е подготвен да го даде максимумот за да обезбеди место за ЕП.

„Никогаш не зборувам пред време за тоа кој резултат би го постигнал. Па, ќе видиме. Со Господ напред,- вели Антиќ.

„Очекувам нови победи годинава во Премиер лигата и борба за медал“, категоричен е Тодор Ристески од КК Спорт 94, додавајќи дека фокусот е насочен кон ЕП, а дека целта се Европските олимписки игри во Баку.

Dean Crnicic

И Дејан Црничиќ е претендент во репрезентацијата во истата категоријата до 67 килограми.

„Оваа година добро ја започнав, освојуаваќи го првото место на Државното првенство. Што се однесува до Премиер лигата, имам посериозни намери, повеќе искуство, самодоверба. Едноставно, очекувам да се качам на пиедесталот“, – категоричен е Црничиќ од КК Кеикс.

Matin i Zako

И Мартин Несторовски од КК Металург нагласува дека се уште е во подготвителна фаза и дека ја темпира формата за ЕП во Истанбул, што ќе се одржи во март годинава. „Очекувам добар пласман, иако тоа нема да биде многу лесно, со оглед на огромната конкуренција. Меѓутоа, ќе дадам се од себе да освојам медал, кој многу ќе ми ја крене самодовербата за ЕП, – истакнува Несторовски.

Очекува да собере поголемо искуство во Премиер лигата и да си ги одмери силите со најдобрите, а на ЕП да се најде во првите пет, што ќе и обезбеди место на Европските игри.

„Напорно работиме, а веќе и осум години настапувам на европските првенства, почнувајќи од кадетските. Целта е да влезам во првите пет, иако знам дека конкуренцијата е гоема. Ќе дадам се од себе да ја остварам целта“, истакнува Наташа Стефановска од КК Макпетрол, која ќе настапи во борби.

Pulisnija Jovanovska

Во Париз на првиот турнир од Премиер лигата ќе патуваат: Емил Павлов и Шабан Муртиши (Дрини) во категоријата до 60 кг; Дејан Црничиќ, Тодор Ристески, Ненад Челебиќ (Цветан Димов) и Ико Ташов (Металург) до 67 г; до 75 кг Иво Цветковски (Металург) и Енес Смаилагиќ (Цветан Димов); Симон Антиќ, Берат Јакупи, Емир Ќосовиќ и Виктор Крстевски (Металург) и Сашко Патраклиев (Македонка) до 84 г и над 84 кг Жарко Арсовски, Сашко Арсовски (Штип) и Мартин Несторовски (Металург); Наташа Стефановска (-61 кг) и Моника Стефановска (-68 кг) од Макпетрол. Симона Заборска (Макпетрол) нема да настапи, бидејќи се подготвува за ЕП за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Цирих, Швајцарија, во февруари.

Пуликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоски од КК Ронин ќе се натпреваруваат и во поединечна конкуренција во кати, и како тим.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО