Познато е колку чинеше доаѓањето на Трамп на УФЦ 244 и кој го плати

52

Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот викенд беше ВИП гостин на големиот и многу помпезен настан во УФЦ во Њујорк. Првиот човек на САД пристигна придружуван од својата свита, а очекувано го придружуваше големо обезбедување. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт е одличен пријател на Трамп и агитатор, па не е изненадување што решил со своето присуство да му даде поголема тежина на мечот меѓу Дијаз и Масвидал.

Американските медиуми открија колку точно чини неговото доаѓање на УФЦ 244, но и кој ја плати конечната сметка.

Според „Вашингтон пост“, самото доаѓање на Трамп чинело околу 50.000 долари. Поголемиот дел од тој „цех“ отпаѓа на обезбедување и „угостителски услуги“. Покрај Трамп, во свитата беа  и неговите синови Доналд Јуниор и Ерик, а видени се и некои други претставници на Републиканската партија. Според истиот медиум, сметката на крајот ја платил Републичканскиот национален комитет, највисокото тело на Републиканската партија.

Да потсетиме дека сегашниот прв предизвикувач во велтер категорија и поранешен привремен шампион Колби Ковингтон беше гостин на Трамп во Белата куќа, а се очекуваше американскиот претседател да гледа некој негов настап во живо. Како оној за титулата против Камару Усман, кој е закажан за 14 декември во Лас Вегас. Но, Трамп на крајот се одлучи за помпезниот настан во Њујорк, на кој се здоби со огромен публицитет, а со тоа веројатно и со голема политичка придобивка. Се чини дека Ковингтон „извиси засега“.