Познатиот бодибилдер Џорџ Питерсон почина на 37-годишна возраст

Познатиот бодибилдер Џорџ Питерсон неочекувано починал на 37-годишна возраст, и тоа само неколку дена пред да се натпреварува на еден од најпрестижните за Мистер Олимпија.

Питерсон бил на подготовки во Орландо за натпреварувањето на кое учествувал четири пати во кариерата, а во хотелската соба бил пронајден од неговиот тренер и пријател Џастин Милер.

Според неговите зборови, Питерсон бил одлично расположен пред да почине и бил сконцентриран на натпреварувањето. Меѓутоа, следниот ден не одговарал на пораките и повиците, па Милер тргнал да го пронајде.

А таму го пронашол мртвото тело на бодибилдерот, кое ило свртено со лицето кон подот и веднаш повикал Итна помош, но за жал немало спас за шампионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО