Конор ја продава јахтата за да отвори бар

Поранешниот двократен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор е подготвен да се раздели со својата јахта Ламборџини, која ја купи пред неколку месеци.

Ирецот даде 3,6 милиони долари за неа, а е направено по негова нарачка.

Според извештаите на медиумите во Велика Британија, Мек Грегор има намера средствата од продажбата на јахтата да ги инвестира во ноќен клуб во Даблин.

Плановите се ресторанот да се простира на површина од 440 метри квадратни. Големината на договорот што Конор ќе го направи е околу 2 милиони евра.

Претходно во април годинава, Конор се здоби со друго претпријатие – пабот „Марбле арч“.

Барот стана познат пред да биде во сопственост на ММА борецот. Во 2019 година ексцентричниот Ирец удри постар човек токму таму. Причина за судирот е одбивањето на човекот да пие виски со Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО