Садулаев: Снајдер ќе ми дојде на гости во Дагестан

Повеќекратниот олимписки шампион во борење Абдулрашид Садулаев изјави дека надвор од душекот е добар пријател со еден од неговите најголеми конкуренти – Американецот Кајл Снајдер.

Русинот го совлада двапати оваа година, на финалето на Олимпијадата во Токио и пред само неколку дена на Светското првенство во Осло.

„Со Снајдер комуницираме многу добро. Се допишуваме еден со друг на Инстаграм. Ми вети на Олимпијадата во Токио дека ќе дојде во Дегестан. Тој е заинтересиран. Сака во живо да ја види нашата школа за борење“, додаде Садулаев.

„За мене беше важно да освојам злато, без разлика кој е противникот. Се борев со него пред само неколку месеци на Олимпијадата и победив. Сега повторно го победив на Светското првенство. Мислам дека таму уште повеќе сакаше да ме победи. Но, јас ја применив мојата борба и тој не успеа да направи ништо“, рече Русинот.

Борецот раскажа и како го добил прекарот Руски тенк.

„Мојот прекар – Руски тенк се врати во 2013 година, кога настапив на Европското првенство за јуниори. Тогаш еден американски новинар така ме нарече. Потоа ги победив сите без да изгубам поен“, рече Садулаев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО