Гохан Саки се враќа во Глори на 23 октомври

Холандско-турскиот кикбоксер Гохан Саки (37) се врати во рингот. Легендарниот борец ќе настапи на следниот настан на најголемата кик бокс промоција во светот, настанот Глори Колишн 3. Но, Саки се уште не знае со кого ќе се бори.

Настанот, кој ќе се одржи на 23 октомври во Арнхем, остана без најавената главна борба меѓу Алистер Оверем и Рико Верховен. Имено, Оверем го откажа мечот поради повреда.

Бунтовникот беше шампион на Глори во тешка категорија во 2014 година, а го освои и турнирот. Во последниот меч за Глори го победи Тајрон Спонг.

Саки настапи за УФЦ во 2017 и 2018 година, и го заврши своето патување во најсилната ММА организација со 1-1.

За време на неговата кариера Саки забележа 81 победа (58 нокаути) на 98 натпревари во кик бокс, загуби 16 борби, а еден меч беше прогласен за „без одлука“.

„Се враќам во Глори на 23 октомври. Вие го баравте тоа, а сега ќе го добиете. Со нетрпение очекувам да се сретнам со моите обожаватели на настанот Колишн 3. Ајде заедно да создадеме спомени. Шоуто продолжува“, напиша Гохан Саки на својот Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО