Познати противниците на нашите боксери на „Емил Жечев“ во Бугарија

Македонските боксери на силниот Меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Ботевград, Бугарија, ги добија противниците за утрешните борби кои се одржуваат претпладне, со тоа што прво најавениот Шеро Мамутовски не отпатува со репрезентацијата, а на негово место е повикан Рузгар Асановски (-52 кг).

Ахмет Јашаров ќе не претставува  во категоријата 48кг, Рузгар Асановски во категоријата 52 кг. и Ардијан Аземи во категоријата +80 кг.
Селекторот Петре Чурлиновски и тренерот Насер Харуни очекуваат добар настап на овој турнир на  квалитетни боксери.

Во -48 кг Ахмет Јашаров во полуфиналето  се среќава со Коста Ромеа од Велс, Рузгар Асановски во -54 кг ќе се бори со Мејтеи Санџарамбам од Индија и над 80 кг  Ардијан Аземи за противник го доби домашниот боксер Мартин Бебов.

Тренерот на македонската репрезентација, Петре Чурлиновски, вели дека нашите боксери ќе го дадат максимумот и се надева на добри резултати од овој меѓународен турнир во кадетска конкуренција.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО