Позната датата за дебито на новите правила во боксот

Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ги одреди датумите за Светското првенство за жени. Светското првенство требаше да се одржи кон средината на декември годинава. Сепак, беше откажанo поради големиот број случаи на коронавирус и ризикот од инфекција за време на самиот турнир.

Сепак, има нови термини за одржување на првенството. Од ИБА информираа дека ќе се одржи меѓу од 6 до 21 мај, а останува домаќинот – Истанбул, Турција.

Светското првенство за жени се очекува со зголемен интерес и поради уште еден факт. На него за првпат ќе ги видиме на сила новите правила кои на последниот состанок ги изгласа Бордот на ИБА. Станува збор за промена на бодувањето, што предизвика толку многу контроверзии во последните години.

Токму во Истанбул ќе бидеме сведоци на новата регулатива, која допрва треба подетално да се разјасни во наредните месеци. Ова е една од клаузулите што ИБА треба да ги исполни за да го задржи своето место во олимпиското семејство и боксот да остане дел од спортовите кои ќе бидат присутни на Игрите во Лос Анџелес 2028 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО