Повредата на Ракиќ му донесе победа на Јан Блахович

Поранешниот шампион во полутешка категорија Јан Блахович го надбори Александар Ракиќ на настанот УФЦ на ЕСПН 36 во Лас Вегас.

Со прекин на почетокот на третата рунда, Полјакот стигна до триумф кој веројатно ќе му даде можност повторно да го нападне шампионскиот појас на УФЦ.

Српскиот борец со австриски пасош доживеа втор пораз во осум настапи во УФЦ, а пристигна по двете победи против Ентони Смит и Тијаго Сантош.

Александар беше добар во првите две рунди, а потоа рано се повреди во третата рунда. Во еден момент едноставно му откажа десното колено, а судијата ја прекина борбата.

Двајцата претпазливо го започнаа мечот, обидувајќи се да се заканат со „кикови“.

Имаше и неколку силни удари од двете страни, а Александар успеа да го раскрвари левото око на Јан.

Во средината на рундата Ракиќ се обиде да го собори Блахович, но Полјакот се одбрани.

Беше динамично и во продолжението. На почетокот на втората рунда Александар го собори Полјакот и зазеде доминантна позиција, но не ја искористи предноста, Блахович успешно се одбрани.

На почетокот на третата рунда Ракиќ се повреди, а судијата го прекина мечот по минута и 11 секунди.

Во конасловната борба во полутешка категорија, Рајан Спан го победи Јон Кутелаба со гилотина во средината на првата рунда.

Молдавецот тргна одлучно и веднаш го собори Спан.

Бараше прилика да го загрози противникот од горна позиција, но Американецот секој пат се извлекуваше, па брилијантно возврати.

Во ниту еден момент не му дозволи на Јон да здивне, а потоа во средината на рундата ја искористи непромисленоста на Кутелаба и го заврши мечот со атрактивно гушење. Молдавецот мораше да тапка и да го предаде мечот.

Ова е прва победа за Спан по минатогодишниот пораз од Ентони Смит.

Дејви Грант со нокаут го победи Луис Смолка во третата рунда, а Мануел Торес со прекин во првата рунда го победи Френк Камах.

Алан Насименто со едногласна одлука на судиите го совлада Џејк Хедли, додека Катлин Чокагијан беше подобра од Аманда Рибас по многу неизвесна борба со поделена одлука на судиите.

Резултати од настанот на УФЦ на ЕСПН 36:
Јан Блахович – Александар Ракиќ – ТКО, Р3 (1:11)
Рајан Спан – Јон Кутелаба – завршница (давење со гилотина), Р1 (2:22)
Дејви Грант – Луис Смолка – КО, Р3 (0:49)
Катлин Чукагијан – Аманда Рибас – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Мануел Торес – Френк Камачо – ТКО, Р1 (3:27)
Алан Насименто – Џејк Хедли – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)

Воведни борби:
Вивиен Араухо – Андреа Ли – едногласна одлука (29–28, 29–27, 29–27)
Мајкл Џонсон – Алан Патрик – КО, Р2 (3:22)
Вирна Џандироба –  Анџела Хил – едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Тацуро Таира – Карлос Канделарио – едногласна одлука (30-26, 30-27, 30-27)
Андре Петроски – Ник Максимов – техн. Завр. (анаконда гушење), Р1 (1:16)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО