Поветкин ја обжали суспензијата

Александар Поветкин ја суспензијата за натпреварувачките права од Светскиот боксерски совет (ВБЦ). Руската професионална ѕвезда во тешка категорија беше санкциониран поради два позитивни допинг примероци.

Олимпискиот шампион од Атина требаше пред година да се бори со Дионтеј Вајлдер, но средбата пропадна откако во примерокот на Поветкин беа откриени траги од мелдониум. И следниот меч против Бирмејн Стиворн не се одржа. Овој пат во допинг тестот на нокаутерот имаше траги од остарин.

Од Светскиот боксерски совет соопштија дека добиле писмо од штабот на Поветкин, со што сакаат ревизија на случајот.

Боксерот е казнет на неопределено време. Беше казнет и со 250.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО