Потврдено од ВБЦ: Мечот меѓу Фјури и Нгану не е за титула, а резултатот ќе биде официјално забележан

Боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану е најавен за 28 октомври во Саудиска Арабија, но влогот во таа борба нема да биде појасот на шампионот на ВБЦ во тешка категорија.

Од боксерската организација потврдија дека нивната борба нема да биде за титулата во ВБЦ, туку резултатот ќе биде забележан во официјалната статистика.

Што значи дека тоа ќе биде меч според стандардните боксерски правила каде е дозволен нокаут.

Тоа ќе биде првиот официјален боксерски меч за поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану и фантастична можност да покаже колку е подготвен да се бори со еден од најдобрите тешкаши – Тајсон Фјури.

Засега не се знае во колку рунди е договорен мечот, како и големината на ракавиците.

А Френсис ја предвиде борбата со Фјури многу пред да стане шампион на УФЦ.

Додека гостуваше во емисијата Хот бокс на Мајк Тајсон пред повеќе од три години, Камерунецот зборуваше за својата желба еден ден да боксира против Џипси Кинг.

Шоуто беше снимено во мај 2020 година, а Нгану стана шампион на УФЦ во тешка категорија во март 2021 година кога го победи Стипе Миочиќ со нокаут во втората рунда.

„Тајсон Фјури само што рече дека сака да дојде во УФЦ. Ќе му посакам добредојде овде, а потоа ќе му возвратам услуга во рингот! Ја сакам таа борба“, изјави тогаш Френсис Нгану и сега желбата му се исполни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО