Жорж Сент-Пјер би можел да се бори со Ник или Нејт Дијаз во граплинг меч?

Поранешниот канадски ММА борец Жорж Сент Пјер најави дека до крајот на годината треба да се врати на натпреварите и да настапи во граплинг меч.

Еден од најдобрите борци на сите времиња истакна дека сака повторно да го почувствува адреналинот и да се забавува со фановите.

Популарниот ЖСП го најави своето учество на УФЦ Фајт пас настанот кој ќе се одржи на 14 декември, а на програмата се граплинг натпревари.

Многумина веднаш помислија дека еден од неговите потенцијални противници би можел да биде Хабиб Нурмагомедов, но Сент-Пјер откри неколку можни противници во интервју за ММАчас.

„Треба да се борам со еден од моите поранешни противници, некој против кого навивачите би сакале повторно да ме видат. Тоа може да биде Ник или Нејт Дијаз, а можеби и Ковингтон или Усман“, рече Жорж Сент Пјер и додаде:

„Нека решат навивачите, тоа мора да биде достоен противник кој добро знае да се бори. Ми треба некој да им приреди добро шоу на навивачите. Добро ќе се подготвам“.

Во ноември 2017 година ја освои и титулата во средна категорија против Мајкл Биспинг, по што објави крај на кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО